На Сто и осмата седница на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ, која се одржа на 3 мај 2012 година под раководство на претседателот Ацо Стојанов
и во присуство на скоро сите членови на Управниот одбор и целиот Менаџески тим, се усвои Извештајот за работата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2011 година. Во воведното образложение, помошникот на директорот Соња Бачовска истакна: во 2011 година 293.000 корисници на пензија ја остваруваа својата социјална сигурност, со што се докажува значењето и сериозноста на нашата институција, бидејќи на нив отпаѓа 14,2% од населението во РМ, а учеството на расходите за пензиското и инвалидско осигурување во бруто домашниот производ изнесува 9,7%. Бројот на осигуреници изнесуваше 489.608, додека бројот на корисниците на пензија изнесуваше 280.891 корисник или сооднос 1,74 осигуреници на 1 пензионер. Со извршеното усогласување на пензиите, просечната пензија во декември 2011 година изнесуваше 10.701 денари и во однос на 2010 година е повисока за 3,9%, а во однос на просечната плата изнесува 49,9%.
Врз финансиското работење на Фнодот во 2011 година се почувствуваа реперкусиите од економските состојби во светот. Имено, изворните приходи не се остваруваа според сегашната стапка. Со преземање на мерките во август 2011 година беше донесена Одлуката за прераспределба на расходите помеѓу буџетите и буџетските корисници и фондовите. На овој начин, на Фондот му беа распределени 1.400 милиони денари како средства за исплата на пензиите и како трансферни средства. Фондот ја заврши годината успешно со минимален дефицит од 368 милиони денари, што е многу помалку од 2010 година. Пензиите се исплатуваа во согласност со Програмата на Владата на РМ, во првата седмица од месецот, рече Соња Бачовска.
Во врска со Информацијата за состојбите со наплатата на заостанатите неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување заклучно до 31.12.2008 година, како и тековните состојби со наплатата на придонесите, помошникот на директорот Соња Бачовска приложи исцрпна анализа за активностите од претходната Информација од крајот на минатата година, преку извршувањето на заклучокот од Управниот одбор („Филијалите и деловниците на Фондот треба да воведат јасна евиденција на следење на обврзниците од секој контролор и во секој момент да ги знаат обврзниците кои должат, колку должат и дали редовно ги уплатуваат придонесите”), при што се побарани податоци од ИТ секторот преку новиот модул за контрола за оние обврзници кои не доставиле месечна пресметка на податоци за стаж и плата. Со новиот модул е овозможено преку последното поднесување на податоците за стаж и плата кај овие обврзници, истите да можат да се лоцираат и следат, така што и врз нив е воспоствена контрола на плаќањето.
На седницата беа усвоени и неколку одлуки од тековното работење на Фондот.