• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Утврдени приоритетните задачи за работа

UPRAVEN_ODBOR__9.2.2012_072____404923690Управниот одбор оваа година стартуваше со плодна и ефективна седница. Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот на ПИО и имотот во домовите за живеење на корисниците на пензија
со кои управува Фондот со состојба на ден 31.12.2011 година, се усвои заедно со неколку заклучоци кои се однесуваат на севкупното усовршување за домаќинско раководење на Фондот со својот имот.

Потоа, следеше донесувањето на следните три правилници: Правилник за плати, надоместоци на плати и други примања на вработените на Фондот на ПИОМ; Правилник за употреба, чување и уништување на печатот на Фондот на ПИОМ и Правилник за канцелариско и архивско работење во Фондот на ПИОМ. Меѓу членовите на Управниот одбор и Менаџметот на Фондот, се разви конструктивна дискусија за моментот на носењето на овие мошне потребни акти за успешно работење на нашата институција и потребата за нивно понатамошно надоградување и надополнување со законските новини од доменот на работењето на јавната и државната администрација.

Како и до сега, Програмата за работата на Управниот одбор беше едногласно усвоена, а се донесе и Правилникот за измeни и дополнување на Правилникот за организацијата, составот и начинот на работа на Комисијата за оцена на работната способност.