На 28 декември 2011 година Управниот одбор на Фондот ја одржа последната за оваа година – 101 седница, со која раководеше претседателот Ацо Стојанов.
На седницата беше донесена Одлуката за висината на благајничкиот максимум и за плаќање со готови пари на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2012 година и се усвои Информацијата за извршените продажби на акциите и уделите од вкупниот капитал на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија стекнат по основа на трансформација на претпријатијата со општествен капитал (со состојба 16-ти декември 2011 година). За двете точки образложение поднесе помошникот на директорот на Секторот за финсниски прашања, Соња Бачовска.
На крајот на седницата, на присутните им се обрати директорот на Фондот Беким Незири, искажувајќи желба за продолжување на работата со ист континуитет како и досега, во директна соработка со Управниот одбор заради надминување на сите евентуални недостатоци и пропусти и постигнување на поголем успех во 2012 година.