• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Според програмата за работа на управниот одбор

UPRAVEN_ODBOR_15.12.2011_117____618613940На 100-та седница на Управниот одбор се усвоија 7 информации и се донесе 1 одлука.

Концептот за одржување на Стотата седница на Управниот одбор за довршување на предвидените точки согласно Програмата за работа, сосема се совпадна и според времето и спорeд бројноста на точките на дневниот ред. Во присуство на новоименуваниот директор Беким Незири, на кој успешна и плодна работа му посакаа членовите на Менаџерскиот тим на Фондот, претседателот Ацо Стојанов и членовите на Упрваниот одбор, на седницата беа одработени 8 точки. Од нив 7 се информации и една Одлука.

Од Секторот за финанскики прашања беа предложени и усвоени 4 информации и тоа: за дозначените и исплатените средства за солидарен фонд за починатите корисници на пензија во период јануари-ноември 2011 година, за транзиционите трошоци по основ на пренасочување на дел од придонесот за пензиско и инвалидско осигурување до приватните пензиски фондови, потоа за реализација на Програмата за реконструкција и адаптација на деловните објекти на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија во 2011 година и за преземените активности за наплата на ненаплатените придонеси заклучно со 31.12.2008 година.
За сите нив опширно образложение поднесе помошникот на директорот Соња Бачовска.
Од секторот за човечки ресусрси правни и општи работи беа предложени 2 информации, за кои образложенија поднесоа началниците Љубен Вељановски за: Информацијата за имотно–правните состојби со имотот на Фондот, и Бобан Трпесвки за:Информацијата за наплатата на побарувањата на Фондот на име штета од неосновани исплати на корисниците на правата од пензиското и инвалидското осигурување, со предлог-мерки за елиминирање на причините поради кои доаѓа до одлив на средствата.

Истите, од членовите на УО беа едногласно усвоени.
Од Секторот за информатичка технологија, опширно образложение поднесе помошникот на директорот Атанас Манчев за Информацијата за степенот на автоматизација на деловните процеси, и истата се усвои.
Донесената Одлука за овластување на лица за полноважно потпишување и располагање со средствата на жиро-сметките на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, е од работата на Секторот за финансиски прашања.