ОД РАБОТАТА НА УПРАВНИОТ ОДБОР: ОДРЖАНИ ТРИ СЕДНИЦИ
Во месец ноември годинава се одржа 73-та седница на Управниот одбор, на која беа донесени два правилници: Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за организацијата и начинот на водењето на сметководство во Фондот на ПИОМ. Образложение по правилниците даде помошникот на директорот Соња Бачовска, додека за Правилникот за измени и дополнувања на Правилникот за заштита на податоците на Фондот на ПИОМ со што се врши усогласување со одредбите од Правилникот за техничките и организационите мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, помошникот на директорот Трајко Премчески истакна дека постојат три нивоа на усогласување–изгледот на заштитата во правни рамки, користењето од страна на имателите на податоци и размената на податоци во телекомуникациската мрежа. Кратко образложение за Информацијата за финансиската состојба на Фондот на ПИОМ јануари–септември 2010 година поднесе помошникот на директорот Соња Бачовска. Во врска со намалената стапка на придонес–истакна таа, бидејќи не ги исполнува расходите и се создава дефицит, Фондот е во постојана коодринација со МТСП и останатите вклучени институции. Расправата околу ова прашање трае веќе подолго време и сега е на повисоко ниво, односно во склоп е на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. По усвојувањето на Информацијата за усогласување на пензиите и за достигнатото ниво на пензиските примања во 2010 година, на истата седница Управниот одбор ја донесе Одлуката за именување на Конкурсна комисија за спроведување на постапката за именување на заменик на директорот на Фондот на ПИОМ, како и Одлуката за распишување конкурс за именување заменик на директорот на Фондот на ПИОМ. За членови на Конкурсната комисија беа избрани Шенаси Алиу и Бобан Јакимовиќ, а за претседател Љубица Николовска. Исто така, на 73-та седница Управниот одбор донесе уште три одлуки и тоа: Одлуката за именување на Комисија за попис на имотот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и домовите за живеење, како посебни градежни објекти и клубовите за одмор и рекреација на корисниците на пензија со кои управува Фондот со состојба на 31 декември 2010 година, Одлуката за давање на времено користење на движен имот-компјутерска опрема за потребите на интегрираната наплата на социјалните придонеси и персонален данок на Министерството за финансии-Управа за јавни приходи и Одлуката за утврдување на престанокот од потребата за користење на движен имот-софтвер за интегрирана наплата на социјалните придонеси и персонален данок. На почетокот на декември се одржа и 74-та седница на Управниот одбор. По кусото воведно искажување на помошникот на директорот Соња Бачовска, Управниот одбор едногласно ја усвои Информацијата за извршените продажби на акциите и уделите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија извршено во ноември 2010 година. Со Информацијата, нагласи Бачовска, ќе биде запозната Владата на РМ. Динамиката и начинот на продажба се одвива согласно Заклучоците на Владата на РМ за продажба на акциите и уделите што ги поседува Фондот на ПИОМ врз основа на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, измените на членот 172-а од Законот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Уредбата за постапката за продажба на акциите и уделите од вкупниот капитал стекнати по основа на трансформација на претпријатијата со општествен капитал и Критериумите за продажба на акциите стекнати врз основа на трансформацијата на претпријатијата со општествен капитал. На 15 декември 2010 год., се одржа и 75-та седница на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ. На седницата поради завршување на мандатот на досегашниот претседател Ангел Максимов, едногласно за нов претседател на УО е избран Ацо Стојанов. А. Максимов се заблагодари за професиналната и принципелна соработка со Менаџметот и Стручната служба на Фондот на ПИОМ, и накусо во својот проштален говор се осврна на сите остварени придобивки и напредок постигнат за изминатите четири години. Се направија два крупни чекори, нагласи Максимов, истакнувајќи дека стручните служби на Фондот од Централата и од Филијалата-Скопје се преселија во новиот објект, со што се добија услови за квалитетно работење на вработените во Фондот како сервис на граѓаните, потоа се спроведе администативна реформа, а автоматизацијата на деловните процеси на пензискиот систем од делокругот на законската надлежност на Фондот се ближи кон своето исполнување. По него, зборови на благодараност и желби за понатамошна успешна работа и многу здравје на Ангел Максимов му посака генралниот директор на ФПИОМ Исни Јакупи, по што УО донсе Одлука за разрешување на заменикот на директорот на ФПИОМ, а по Предлогот на Конкурсната комисија е донесена и Одлука за именување на заменик на директорот. За нов заменик на директорот на Фондот, УО едногласно ја именува Марија Којзеклиска.