На 11.06.2019 година, е потпишан Договор за соработка меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (ФПИОСМ) и Департаментот за пензии при Министерството за труд и социјална политика на Република Косово (ДП-МТСП-РК).
Овој договор има за цел да обезбеди помош и поддршка при електронската размена на податоците во областа на пензиското и инвалидското осигурување меѓу двете институции и воспоставување меѓусебни односи, за да се олесни остварувањето на правото на пензија без прекин за корисниците на пензија во овие две земји.
Договорот за соработка ќе овозможи електронска размена на податоците во областа на пензиското и инвалидско осигурување меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Департаментот за пензии при Министерството за труд и социјална политика на Република Косово и ќе придонесе за олеснување на остварувањето и користењето на правата од пензиското и инвалидско осигурување, со цел намалување на административните трошоци, спречување на незаконски исплати на пензиите и другите приходи од областа на пензиското и инвалидско осигурување, како и контрола на податоците кои се предмет на размената.
Договорот се потпиша во Кабинетот на Министерството за труд и социјална политика на Република Косово од страна на директорот на Департаментот за пензии при Министерството за труд и социјална политика на Република Косово, г. Бахри Џафери и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, г. Шаип Зенељи.