Одлуката на Основното јавно обвинителство Скопје од 31 мај 2019 година, со која е одлучено дека нема место за јавнообвинителско постапување во поглед на кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика, а во врска со евентуални неправилности во функционирањето на вториот пензиски столб, е потврда дека во Фондот на ПИОСМ не е оштетен ниту еден осигуреник, ниту пак се загрозени неговите права.
Уплатените придонеси за пензиско и инвалидско осигурување се сигурни и се користат строго наменски за исплата на пензии, сите користења или пренамени се со одбрување од Министерството за финансии.
Фондот е институција со долгогодишно искуство и реноме и проблемите кои настанаа по претходниот период, се поединачни случаи кои се произлезени од претходните 12 години, како резултат на системски грешки во прибирањето и обработката на податоците од другите надлежни институции.
Со последните измени и дополнувања на законите од областа на пензиското и инвалидското осигурување се создадоа законски услови за заштита на осигурениците на кои навремено нема да им биде распределен придонесот. Исто така, се врши подобрување на деловните процеси и зајакнување на сите контролни критериуми во водењето на евиденциите и распределбата на членството.
Со стапување во сила на споменатите измени и дополнувања на законот почнувајки од 1 јануари 2019 година, во неколку наврати се изврши распределба на ненавремено распределните членови, средства од придонесите и надоместокот за ненавремена распределба.
Во Фондот во тек е и унапредување на огранизационата поставеност со формирање на посебен оддел, кој ќе се грижи исклучиво за членството во вториот столб. На овој начин се очекува надминување на проблемите кои досега се јавуваа во воспоставувањето и водењето на евиденцијата и распределбата на придонесите во вториот пензиски столб.
Ние сме отворени за соработка со другите институции и подготвени за унапредување на сите процеси се цел навремено обезбедување на правата на сите осигуреници.