На 4 и 5 март 2019 година, се одржа работна средба меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Црна Гора.
Според дневниот ред, на состанокот се дискутираше за примената на Договорот за социјално осигурување меѓу двете држави Република Северна Македонија и Република Црна Гора.
Тема на разговор беа пензиските предмети по член 41 од Договорот меѓу Република Северна Македонија и СР Југославија (препензионирање) и склучување на Договор за електронска размена на податоците од областа на пензиското и инвалидско осигурување, кој со неколку други држави од регионот веќе успешно функционира и е од големо значење за сегашните и идни пензионери, како и други прашања од областа на социјалното осигурување.
Редовните состаноци меѓу фондовите во регионот, придонесуваат за размена на искуства за пензиските системи, информирање за спроведувањето на договорите, како и за продолжување и подобрување на меѓусебната соработка.