Во првата половина од 2016 година, членовите на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ, одржаа 9 седници, на кои беа покренати повеќе значајни и актуелни прашања, а беа донесени и повеќе одлуки.
Така, на 21 јануари 2016 год., се одржа Дваесет и шестата седница на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ, на чиј дневен ред беше донесувањето на Одлуката за избор на претседател на нашиот УО, Програмата за работа на УО на Фондот на ПИОМ во 2016 година, но и Програмата за реконструкција и адаптација на деловните објекти на Фондот на ПИОМ во 2016 година со Одлука за одобрување на финансиски средства за инвестиционо одржување на деловните објекти на Фондот и донесување на Програмата за набавка на основни средства, информатичка опрема и моторни возила во Фондот на ПИОМ во 2016 година со Одлука за одобрување на финансиски средства за набавка на опрема и машини.
Потребата за избор на претседател на УО, доаѓа согласно член 156 точка 3 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, дека претседателот и заменик претседателот на УО се избираат за времетраење од една година, поради што членовите на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ, едногласно, ја донесоа Одлуката за претседател на нашиот Управен одбор да биде повторно избрана Јасмина Иванова. Потоа, в.д. директорот Шаип Зенељи, информираше за Програмата за работа на УО за оваа година, во која се содржани задачите што произлегуваат од работењето на Фондот, односно активностите во врска со спроведувањето на пензиското и инвалидско осигурување, распределени во период од четири тримесечја во текот на годината, со одговорните сектори за нивна реализација, по што членовите на УО едногласно, ја донесоа Програмата за работа на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ во 2016 година.
Членовите на УО ја донесоа и Програмата за реконструкција и адаптација на деловните објекти на Фондот на ПИОМ во 2016 год., во која е прикажана реалната и констатирана потреба од инвестиционо вложување, одделно по деловните објекти на Фондот, како и по домовите за живеење на корисниците на пензија. Така, оваа година, поради амортизираност на објектите и неопходност од инвестициони вложувања, ќе се интервенира во Централата во Скопје, но и во филијалите во Прилеп и Кавадарци. По извршените согледувања на состојбата во домовите за живеење на корисниците на пензија, констатирано е дека има потреба од инвестиционо вложување во домовите во Ѓорче Петров – Скопје, Свети Николе и Гостивар.
На 9 февруари 2016 год., се одржа Дваесет и седмата седница на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ, на која се расправаше за Извештајот од извршениот попис на фондовскиот имот, како и донесување на Одлуката за усвојување на Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот на ПИОМ и имотот на домовите за живеење на корисниците на пензија со кои управува Фондот, со состојба на 31 декември 2015 година.
Исто така, на 25 февруари 2016 год., се одржа Дваесет и осмата седница на нашиот Управен одбор, на која, членовите на УО, меѓу другото, ја донесоа Одлуката за усвојување на Завршната сметка на Фондот на ПИОМ за 2015 година, потоа Одлуката за усвојување на Информацијата за финансиското работење на Трговското друштво за угостителство, одмор и рекреација на пензионери „Борец“ ПИОМ ДОО – Битола, по Завршна сметка за 2015 година, а ја усвоија и Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот станбен простор во домовите за живеење на корисниците на пензија во 2015 година и Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот деловен простор во домовите за живеење и клубовите за корисниците на пензија во 2015 година, потоа Информацијата за вкупниот капитал кој Фондот на ПИОМ го стекна по основ на трансформација на претпријатијата со општествен капитал со состојба на 31 декември 2015 година и најпосле Информацијата за состојбите со наплатата на заостанатите неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување заклучно до 31.12.2008 година, како и тековните состојби со наплатата на придонесите за 2015 година.
На 26 април 2016 год., се одржа Дваесет и деветтата седница на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ и на истата се расправаше по две точки. Вниманието и дискусијата на членовите на нашиот УО беше во врска со Извештајот за работата на Фондот на ПИОМ во 2015 год. и Информацијата за реализација на Годишниот план за работа на нашиот Фонд во 2015 година. И во оваа прилика се истакна дека се постигнати значајни резултати во работата на Фондот на ПИОМ и дека така треба да се продолжи и во иднина со одговорната и квалитетна работа.
На 28 април, 17 мај и 1 јуни 2016 година, се одржаа Триесеттата и Триесет и првата и Триесет и втората седница на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ, на која се донесоа одлуки за давање согласност за службено патување надвор од државата за вработени од Фондот на ПИОМ.
На Триесет и третата седница на УО, што се одржа на 27 јули 2016 година, членовите на УО усвоија повеќе значајни документи, меѓу кои Буџетот на Фондот на ПИОМ за 2017 година и Стратешкиот план на Фондот на ПИОМ за периодот 2017 -2019 година, додека Триесет и четвртата седница на УО, што се одржа на 14 септември 2016 година беше посветена на донесувањето Одлука за продажба на акциите на Фондот на ПИОМ на јавна берзанска аукција.
Треба да се истакне, дека Фондот на ПИОМ во целост и навреме ги изврши сите законски активности, односно редовна и навремена исплата на пензиите во првата недела од месецот, како и придонесите за здравство за корисниците на пензија и трошоците на Стручната служба.