• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Соработката помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и Сојузот на пензионери беше тема на седницата на Извршниот одбор, на која присуствуваше и директорот на Фондот Никола Мемов

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов   денеска беше гостин на седницата на  Извршниот одбор на Сојузот на пензионери на Македонија.

Претседателката на Сојузот, Станка Трајкова рече дека оваа средба е во насока на продолжување на соработката  помеѓу Фондот и Сојузот на пензионери, којашто е воспоставена претходно, како и за запознавање на членовите на Одборот со состојбата во Фондот и мерките што ги презема новото раководство за подобрување на неговата работа. Таа додаде дека во делот на Солидарниот фонд соработката е одлична и би требало да биде така и во иднина.

Директорот Мемов рече дека по доаѓањето на функцијата  се преземени мерки за подобра организација на работата на филијалите за да се надмине проблемот со заостанатите предмети со што нивниот број е значително намален. Тој исто така додаде дека во Фондот, се работи и на краткорочни и долгорочни  предлог мерки за зголемување на приходите на Фондот и намалување на дефицитот, кои ќе бидат доставени до Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Мемов како приоритет ги посочи дигитализацијата на архивата и модернизирањето на информатичкиот систем на Фондот.

Во однос на пензионерските домови, за кој особено се интересираа членовите на Извршниот одбор на Сојузот, Мемов рече дека се побарани средства за реконструкција на пензионерскиот дом „Борец“ во Битола, а се преземаат мерки во рамките на финансиските можности да се подобрат условите во сите пензионерски домови во сопственост на Фондот.

На крајот беше констатирано дека се соработка, отвореност и разговор за сите проблеми ќе може да се придонесе во подобрувањето на животот на пензионерите и зголемување на нивниот стандард.