Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа шестата седница на која за претседателка на Одборот беше избрана Јасмина Вукиќевиќ.
Претседателката на Управниот одбор Јасмина Вукиќевиќ се заблагодари на довербата и изборот. Таа рече дека во наредниот период ќе се интензивира работата на Одборот и дека за успешна работа на Фондот е неопходно да се утврдат ризиците. Тоа, како што рече Вукиќевиќ, ќе придонесе во изготвувањето мерки за нивно неутрализирање, со што ќе се овозможи непречено функционирање на институцијата и задоволни корисници.
Директорот на Фондот, Никола Мемов ја информира новата претседателка на Управниот одбор за она што е преземено од неговото доаѓање на чело на институцијата, како и за мерките и активностите што треба да се преземат во наредниот период. Тој, потенцира дека главниот ризик во работата доаѓа од информатичкиот систем, кој треба да се модернизира и унапреди. Мемов, исто така, рече дека Управниот одбор и раководството на Фондот имаат голема улога во функционирањето на Фондот и неговото законито и ефикасно работење.