• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ВО ЗАГРЕБ СЕ ОДРЖАА СОВЕТОДАВНИ ДЕНОВИ ЗА ПРАВАТА ОД ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ

Примената на член 50 од Договорот  за социјално осигурување помеѓу  Република   Северна Македонија  и Република Хрватска беше тема на разговор на средбата што се одржа во Загреб на ниво на органи  за врска  на Фондот на пензиското  и инвалидското осигурување на  Северна   Македонија  и  Хрватскиот завод за пензиско  осигурување.

На работниот состанокот  поединечно беа разгледани предметите за повторно одредување  на пензии  по член 50 од Договорот за кои постапката  сеуште  не е завршена и при тоа беа разменети  потребните податоци  и   документација.

Двете  страни  се договорија  за начинот за надминување  на  одредени прашања  кои се јавуваат во практичната примена  на Договорот  во поединечни  предмети, а со цел   забрзување на  постапката  за  остварување  на правото на пензија,  потврдување на стажот  и исплатата  на пензијата  кога корисникот на пензија  живее во другата договорна страна.

Исто така, беа разменети и потребните информации во врска  со усогласувањето  и подмирувањето  на  отштетните  побарувања,  согласно истиот член  50   од Договорот, со цел  забрзување  на постапката  за усогласување  на  меѓусебните  обврски.

Во рамките на посетата беа одржани и Советодавни денови   со граѓани, на кои тие можеа непосредно да  добијат одговори  на нивните прашања   за  правата од   пензиското и инвалидското осигурување  при примената на Договорот   за социјално осигурување.

Претставниците на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија и на Хрватскиот завод за пензиско  осигурување изразија  задоволство  со  постигнатите  резултати од  разговорите и Советодавните  денови,   кои, како што беше потенцирано,  се  одвиваа во работна  и пријателска  атмосфера. Двете страни се договорија следните  разговори  и Советодавните денови да се одржат  во второто тромесечје   од 2025  година  во Скопје.