• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ПАРИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ИМА. ПЕНЗИИТЕ ВО МАРТ 2025 ПОВИСОКИ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ 2500 ДЕН, А ВО СЕПТЕМВРИ 2025 ЌЕ БИДАТ УСОГЛАСЕНИ ЗА НОВИ ЧЕТИРИ ПРОЦЕНТИ

За исплата на пензиите во 2025  година ќе се потрошат 2,195 милијарди евра, од кои 1,55 милијарда се очекува од придонесите што ги плаќаат вработените, а државната каса ќе помогне со 570 милиони евра.

“Пари за пензиите ќе има, а дефицитот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се намалува”, соопшти директорот на ПИОСМ, Никола Мемов на брифинг со новинарите.

“Граѓаните треба да бидат сигурни дека средства за пензии ќе бидат обезбедени. Буџетскиот дефицит е стабилизиран и ќе биде 27 проценти”, рече тој.

Новиот менаџмент до Владата и до Министерството за социјална политика ќе предложи краткорочни и среднорочни мерки за стабилизирање на буџетот за исплата на пензиите.

“Очекуваме приходите по основ на плаќање на придонеси до крајот на годината да растат и дефицитот да се стабилизира“, истакна Мемов на денешниот брифинг со новинарите во просториите на Фондот за пензиско.

ПИОСМ планира од 2,195 милијарди евра да исплати 105 милијарди денари, односно 1,7 милијарди евра по основ на пензии, а во вториот задолжителен пензиски столб ќе се трансферираат 15,6 милијарди денари или околу 250 милиони евра.

Од 18,8 проценти, колку што изнесуваат придонесите за пензиско и социјално осигурување кои ги уплаќаат осигурениците, 12,8% се наменети за исплата на пензиите, а 6% се уплаќаат во вториот столб.

ПИОСМ планира приходи од свои извори во висина од 80 милијарди денари, по основ на уплата во вториот столб приходи од 15,6 милијарди денари. По основ на акциза, ПИОСМ законски добива 9,18% или 1,63 милијарди денари од вкупно наплатените акцизи на државата.

Од други приходи од кирии, акции и дивиденди ПИОМ планира да собере 700 милиони денари.

Вкупните приходи кои ПИОСМ ќе ги собере како Фонд се 97,93 милијарди денари.

Од трансфер на Владата за исплата на пензиите се очекуваат 35 милијарди денари или 580 милиони евра .

Во врска со шпекулациите за можно подигање на старосната граница за пензионирање, Мемов вели дека од ПИОСМ таков предлог нема да излезе, а надлежен орган за ова прашање е Владата.

За линеарното покачување на пензиите од 2.500 денари Фондот за пензиско осигурување на Македонија за септемвриските пензии исплатил 862 милиони денари (14 милиони евра) повеќе од претходниот месец, односно, за август ПИОСМ на 350.000 пензионери им исплатил 7,118 милијарди денари (116 милиони евра), а за септември 7,98 милијарди денари (130 милиони евра).

“Клучна цел на владата е подобар животен стандард на сите граѓани, вклучувајќи ги и пензионерите и намалување на социјалните резлики помеѓу најниските и највисоките пензии. Во Македонија за пензиите е прифатен социјално-солидарниот концепт”– вели Мемов.

На брифингот тој сподели дека оваа година, заклучно со 15 октомври, се издадени 19.677 решенија за пензии. Директорот на ПИОСМ посочи и дека затекнал голем дисбаланс на бројот на вработените по филијалите во Македонија.

Филијалите во западниот и северниот дел од земјата (Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево) се речиси целосно пополнети со вработени, а во останатите градови тој број е под минималниот број за основно функционирање.

Поради кусокот со вработени, многу филијали не можат навреме да ги решат пристигнатите барања за пензионирање, па во моментот има околу 3.000 нерешени предмети.

Вкупно во сите филијали треба да има 964 вработени, а има 491. “Проблемот со нерешените предмети ќе го надминеме така што ќе ги распределиме од филијалите каде нема доволен број на вработени, во оние каде што има, за што е изработен Протокол за трансфер на предметите.

Дополнително, поднесено е барање за согласност до Министерството за финансии за враќање на дел од договорците на дело чии договори се прекинати на 30 јуни 2024 година – рече директорот на ПИОСМ Никола Мемов, на денешниот брифинг со новинарите.