Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов, беше во Филијалата на Фондот во Тетово, каде што од раководителот на Филијалата, Муса Зибери, беше информиран за состојбата со тековната работа, како и за проблемите со кои се соочуваат.
Притоа, беше потенцирано дека голем проблем во навременото и ажурно решавање на предметите е застарениот информатички систем, кој е стар повеќе децении и е потребно негово модернизирање.
Директорот Мемов при посетата разговараше и со вработените, кои посочија дека условите во кои се сместени вработените се лоши. Беше нагласено и дека има проблем со архивата која е сместена во несоодветни услови.
Директорот Мемов рече дека на Филијалата во Тетово, која има 51 вработен, што претставува 17,34 отсто од вкупниот број на вработени во филијалите и деловниците на Фондот, во наредниот период ќе и бидат распределени предмети од филијалите во кои бројот на вработени е далеку под потребниот број, а посебно од Филијалата во Битола, каде што има минимален број на вработени. Тој информираше дека во наредниот период ќе се работи интензивно на осовременување на информатичкиот систем, што е од особена важност за подобрување на услугите кои ги дава Фондот.
Директорот Мемов нагласи дека сите вработени треба да го дадат својот максимум и целосно да ги почитуваат правилата и прописите за работа, а сѐ со цел граѓаните да добија навремена и квалитетна услуга. Тој, исто така рече дека во периодот што следи ќе се бара и решение за просторните услови на Филијалата.