• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

„Граѓаните треба да бидат спокојни и сигурни дека Фондот на ПИОСМ секогаш навремено ќе врши исплата на пензиите на корисниците во Македонија“, изјави директорот на Фондот Никола Мемов за Телмa

„Фондот на пензиското и инвалидското осигурување денеска ги исплати пензиите, покачени за 2500 денари, што, согласно пресметките, претставува зголемување од 11,2 проценти или во вкупен износ од 850 милиони денари за еден месец“, рече денеска директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов во изјава за телевизија Телма.

„Доколку се направеше усогласување со досегашната методологија на усогласување, зголемувањето ќе изнесуваше четири проценти. Искажано во сума на пари, зголемувањето од четири проценти би било околу 528 денари за пензионерите со минимална пензија или 1600 денари за оние со 40 илјади денари.

Што се однесува до дефицитот во буџетот на Фондот за исплата на пензиите, генерално, тој е резултат на досегашните владини економски политики поради зголемување или одржување на економскиот раст. Граѓаните треба да знаат дека дефицитот не е резултат на недомаќинско менаџирање на Фондот на ПИОСМ“, појасни Мемов.

„Ние во следниот период ќе ја направиме анализата и точно ќе ги дефинираме причините за оваа состојба. Како пример, оваа мерка на владата за зголемувањето на пензиите за 2500 денари придонесе дефицитот во буџетот на Фондот да се зголеми за осум проценти,  но ова  е социјално-солидарна мерка која ќе придонесе за зголемување на животниот стандард на пензионерите“, рече тој и додаде -„Согласно нашите проценки очекуваме дефицитот до крајот на годината да се стабилизира на 36-37 проценти, поради очекуваните зголемени приходи од наплата на придонесите. Имајќи ја предвид актуелната состојба со дефицитот, Фондот на ПИОСМ до Владата ќе предложи краткорочни и среднорочни стратешки мерки за зголемување на сопствените приходи, а во функција на обезбедување на социјалната сигурност на корисниците на пензии, но и на сите осигуреници.“

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Мемов посочи дека ќе се зголеми транспарентноста на Фондот на ПИОСМ, а ќе се зголеми и отвореноста за заедничка соработка со работодавачите, компаниите и Стопанските комори во Македонија, во изнаоѓање на трајни и стабилни решенија.

„Сакам да потенцирам дека граѓаните треба да бидат спокојни и сигурни дека Фондот на ПИОСМ ќе биде функционална и финансиски одржлива институција која секогаш навремено ќе врши исплата на пензиите на корисниците во Македонија“, рече Мемов во изјавата за телевизија Телма.