• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

СЕ ОДРЖА ДЕВЕДЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ФПИОСМ

На 30 август 2024 година, се одржа Деведесет и деветтата седница на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.

На оваа редовна седница беше разгледан и одобрен дневниот ред со следните точки: Предлог на буџетско барање на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за 2025 година и Предлог – Стратешки план на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за периодот 2025-2027 година.

Стручната служба на Фондот го презентираше буџетското барање проектирано и планирано за успешно спроведување на буџетот за 2025 година.

Во Буџетот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за 2025 година, на оваа седница беше презентиран Годишниот план за приходи и расходи за остварување на правата од пензиското и инвалидското осигурување, целите и обврските кои институцијата ги има кон корисниците на пензија и вработените во Фондот, како и Предлог – Стратешкиот план на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за периодот 2025-2027 година.

Членовите на Управниот одбор, ги разгледаа, дискутираа и ги одобрија точките на дневниот ред.