На 28 декември 2023 година, в.д директорот на Фондот Арсим Хасани, со претседателот на Управниот одбор на Фондот, Боро Варошлија, заменик директорот, Шаип Зенељи и гостинот пратеник, Елми Азири, ја посетија Филијалата на Фондот во Куманово каде се вршеше реконструкција и адаптација на деловните простории.
Деловните објекти се реконструираат и адаптираат според потребите за нивно одржување и одобрените средства во Буџетот на Фондот, во согласност со донесените програми од Управниот одбор на Фондот.
Во Филијалата во Куманово се извршуваа градежни работи во деловните и подрумски простории, на столаријата, замена на внатрешниот инвентар-канцелариски мебел, поставување на под од ламинат, глетување и молерисување на ѕидови и плафони, поставување на нова електроинсталација, осветлување и санација.
„Ова година ја завршуваме со подобрување на условите на работните места на вработените во Филиајлата во Куманово, а другата година продолжуваме со активностите во другите филијали и деловници на Фондот. За нас, значајно е задоволството на нашите вработени кои го ценат овој ангажман и не потикнуваат да продолжиме и во другите градови. Фондот, во наредниот период ќе се потруди во континуитет да им обезбеди на вработените услови на нивните работни места, а исто така и во пристапот и квалитетот на услугите на странките“, истакна директорот.
Во наредната година предвидени се средства за изведување на градежно-занаетчиски работи на деловните објекти во Филијалата во Охрид и Пензионерскиот дом во Автокоманда.