• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР

На 23 ноември, оваа година, се одржа Деведесет и втората седница на Управниот одбор на Фондот на ПИОСМ.

На седницата, членовите на УО ја донесоа Одлуката за именување комисии за попис на имотот на Фондот на ПИОСМ и домовите за живеење, како посебни градежни објекти и клубовите за одмор и рекреација на корисниците на пензија со кои управува Фондот, со состојба на 31 декември 2023 година.

Исто така, Управниот одбор на Фондот ја усвои Информацијата за резултатите од спроведувањето на активностите во делот на регистрација на податоците, според која заклучно со месец ноември, оваа година, во електронската евиденција на Фондот, внесени и генерирани се вкупно 254.913 пријави за стажот на осигурување и платите.

Управниот одбор на Фондот, на седницата, ја усвои и Информацијата за бројот на корисници на пензија кои биле членови на вториот пензиски столб. Според евиденцијата која ја води Фондот за корисниците на пензија, во октомври 2023 година, регистрирани се вкупно 85 корисници на старосна пензија кои претходно биле членови на вториот пензиски столб, од кои кај 41 корисник е исплатен најнизок износ на пензија, а за останатите 44 корисници сѐ уште се исплатува законскиот износ на пензија согласно одредбите од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.