На 2 и 3 ноември 2023 година, во Скопје, се одржуваат советодавни денови меѓу претставниците на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Србија.
Во текот на советодавните денови, граѓаните ќе добијат одговори и совети во врска со остварувањето на нивните права од пензиско и инвалидско осигурување, согласно одредбите на Договорот за социјално осигурување склучен меѓу двете држави договорнички.
Овие средби редовно се одржуваат од 2014 година, и тоа, двапати годишно, во месец ноември во Република Северна Македонија и во месец мај во Република Србија и истите ќе продолжат и во иднина.