На 28 септември 2023 година, од страна на Менаџментот на Фондот, се одржа работна посета во Филијалата на Фондот во Куманово, каде се изведуваат градежни работи и се врши реконструкција и адаптација на деловните простории.
Деловните објекти се реконструираат и адаптираат според потребите за нивно одржување и одобрените средства во Буџетот на Фондот, во согласност со донесените програми од Управниот одбор на Фондот.
Со Буџетот на Фондот за 2023 година, средствата за реконструкција, адаптација и инвестиционо одржување на деловните објекти на Фондот се одредуваат за инвестиционо одржување на деловните објекти на Фондот и на домовите за живеење на корисниците на пензија со кои располага Фондот.
За оваа година, предвидени се средства за изведување на градежно- занаетчиски работи на деловните објекти на Фондот, филијалите во Куманово и Охрид и Пензионерскиот дом во Автокоманда.
Во Филијалата во Куманово се извршуваат градежни работи во деловните и подрумски простории, на столаријата, замена на внатрешниот инвентар-канцелариски мебел, поставување на под од ламинат, глетување и молерисување на ѕидови и плафони, поставување на нова електроинсталација, осветлување и санација.
Фондот, континуирано се залага за подобрување на условите на работните места на вработените, како и пристапот и квалитетот на услугите на странките.