На 14.09.2023 година, во Фондот на ПИОСМ, се одржа работна средба со претседателот на Партијата на пензионерите Илија Николовски, како и претставници на пензионираните генерали и старешини од АРМ. Гостите ги прими и со нив разговараше директорот на Фондот на ПИОСМ Арсим Хасани, а на средбата присуствуваа и директорите на секторите за остварување на правата од ПИО и финансиски прашања, Билјана Стојанова и Мухаметали Исмани.
Целта на посетата беше незадоволството од ниските износи на пензиите и решенијата донесени со најновата измена на Законот за одбрана од 2023 година, согласно која се направи корекцијата на износите на пензиите кај корисниците на највисоките пензии.
Од страна на директорот на Фондот, им беше објаснето дека од 01.10.2023 година, ќе се изврши корекција на највисокиот износ на пензија за сите корисици на највисок износ на пензија кои го оствариле своето право пред 2015 година, затоа што износите на највисоките пензии после 2015 година се изготвени по нова методологија. Ова произлегува од повеќемесечната заложба на директорот на Фондот на ПИОСМ да се исправи повеќегодишната неправда нанесена на оваа категорија на корисници на пензија. На ваквата одлука претходеа низа состаноци со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и вицепремиерката Славица Грковска.
Откако претставниците на пензионираните воени старешини и генерали добија уверување од страна на директорот на Фондот дека ќе се изврши корекција на нивните пензии, средбата заврши во топла и пријателска атмосфера.