Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ги известува пензионерите дека со исплатата на пензијата за месец август, се враќа редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во Државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот.
Како дел од препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот кај пензионерите како најранлива возрасна група, а со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје, Фондот на ПИОСМ во соработка со деловните банки, вршеше предвремена етапна исплата на пензиите во четири групи.
Поради завршувањето на пандемијата, деловните банки преку Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) ја прекинуваат досегашната соработка за предвременото исплаќање на пензиите, со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на 1-ви во месецот директно од Буџетот на Државата.