Поаѓајќи од фактот дека човечките ресурси се прв и најважен предуслов за успешно остварување на основните функции и надлежности на една институција, Фондот на ПИОСМ континуирано се грижи за развој, јакнење и унапредување на стручните компетенции на своите вработени. Во таа смисла, а имајќи ги предвид и законските одредби дека секој административен службеник има право и обврска во текот на годината стручно да се усовршува како и должност да го пренесе стекнатото знаење на другите административни службеници, во Фондот на ПИОСМ во тек е реализирање на обука на тема „Спроведување на процесот на остварување на права од пензиско и инвалидско осигурување”. Обуката ќе се спроведе во периодот од 6 до 10 декември 2021 година, во просториите на Фондот, а предавачи на обуката се стручни службеници со долгогодишно работно искуство во Фондот како и еден надворешен консултант. Целта на обуката е подобрување на вештините, знаењата и компетенциите на вработените во процесот на решавање за правата од пензиско и инвалидско осигурување, со примена на одредбите од Законот за ПИО и Законот за општа управна постапка. Стручната обука и развој на човечките ресурси ќе има позитивно влијание врз работата на институцијата, ќе го подобри квалитетот на услугите кон граѓаните и ќе има позитивно влијание врз општеството во целина.