Управниот одбор на Фондот на ПИОСМ на последната седница одржана на 28 октомври 2021г. ја усвои Информацијата за финансиската состојба на Фондот за периодот јануари – септември 2021 година. Во овој период Фондот бележи позитивни резултати и е остварен вишок на приходи над расходи во износ од 304,96 милиони денари. Вкупните приходи се во износ од 60.114,30 милиони денари и во споредба со истиот период од минатата година се повисоки за 2.170,27 милиони денари, или за 3,75%, како и вкупни расходи во износ од 59.809,35 милиони денари.
Управниот одбор изрази задоволство од позитивниот тренд и пораст на изворните приходи, кои се повисоки од планираните за оваа година. Истовремено реализацијата на расходите е во рамките на предвидувањата, што укажува на многу прецизно планирање и реализација на расходите од страна на Фондот на ПИОСМ.
Членовите на Управниот одбор усвоија и Правилник за техничките и организациските мерки за безбедност и заштита на обработката на личните податоци. Со овој правилник се уредуваат правилата и стандардите кои ги применува Фондот на ПИОСМ и истиот се применува на сите збирки на лични податоци кои Фондот ги собира, чува и обработува, со цел да обезбеди заштита на личните податоци за обврзниците, осигурениците и корисниците на права од ПИО, за кои Фондот води евиденција.
Управниот одбор го усвои и Правилник за начинот и постапката на извршување на функциите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за потребите на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување.
На седницата на Управниот одбор присуствуваа: Боро Варошлија, претседател и Љупчо Фармакоски, Божин Петрески, Ристо Франгов, Татјана Настеска и Марјан Кицев, членови на УО, како и Билјана Јовановска, директор на Фондот на ПИОСМ и стручните служби на Фондот.