Poll: Нов дизајн на веб страната?
Како ви се допаѓа новиот дизајн?
Почетна | Активности | ИНФОРМАЦИЈА ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ФОНДОТ НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ИНФОРМАЦИЈА ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ФОНДОТ НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font

Пензиското и инвалидското осигурување е значаен сегмент на вкупниот општествен, социјален и политички живот во Република Македонија.

Системот на пензиското и инвалидското осигурување се спроведува преку Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.Развојот на пензиското и инвалидското осигурување зависи од вкупните економски, социјални и демографски движења во општеството кои непосредно или посреднo влијаат на пензискиот систем.Од јануари 2009 година настанаа битни промени во општествено - економски развој во Република Македонија, кои непосредно имаат влијание на спроведувањето на пензиското и инвалидското осигурување.
        

Имено, од  јануари 2009 година во Република Македонија е во примена Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување со кој е  уредена висината  на стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, која од 21,2% во 2008 година се намалува на 15% во 2011 година.Од истиот датум се воведе системот на пресметка и исплата на бруто плата, наместо досегашниот систем на нето плата, а истовремено се започна со интегрирана наплата на сите социјални придонеси во Управата за јавни приходи. 
        Намалувањето на стапката на придoнес како и концептот на бруто плата има влијание на пензискиот систем, во однос на финансиската состојба на Фондот.

1. Финансиска состојба на Фондот во 2009 година

Од 1 јануари 2009 година финансиското работење на Фондот се остварува во рамките на планираните средства со Буџетот на Фондот за 2009 година. Намалување на стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување од 21,2% на 19% во 2009 година, нема поголемо влијание врз намалување на приходите на Фондот,  бидејќи од 1 јануари 2009 година во платите на вработените е инкорпориран надомeстокот за храна и превоз, кои влијаaт на зголемување на бруто основицата од која се пресметува и плаќа придонесот за пензиско и нвалидско осигурување.
        

Фондот во периодот јануари-jуни 2009 година оствари вкупни приходи во износ од 20.875,76 милиони денари и вкупни расходи во износ од 20.439,94 милиони денари или вишок на приходи над расходите во износ од 435,82 милиони денари. Во овој период е платен придонес за околу 430.000 осигуреници што претставува зголемување во однос на 2008 година, кога е платен придонес за околу 418.000.
        

Позитивното финансиско работење на Фондот овозможи да се изврши усогласување на пензиите од 1 јануари 2009 година за 3,5%. Исто така, приходите на Фондот обезбедуваат редовна исплата на  пензиите на околу 273.000 корисници на пензиja, така што Фондот од почетокот на годината, редовно врши исплата на пензиите до 5 -ти во месецот за претходниот месец. Исто така,  се плаќаа и другите обврски по основ на придонес за здравствено осигурување и другите расходи на Фондот, поврзани со спроведување на пензиското и инвалидското осигурување. 
        

Од почетокот на годината, Фондот превземаше мерки за навремено известување на корисниците на пензија да отворат трансакциски сметки заради примена на законската регулатива исплатата на пензиите да се врши преку банка, односно безготовинско плаќање со цел да се намалат трошоците на работењето.Фондот редовно врши исплата на пензиите и на околу 6.000 на корисници на пензија кои живеат надвор од Република Македонија.Редовно се врши и исплата на посмртна помош на семејствата на починатите корисници на пензија за просечно месечно околу 1.000  починати корисници.
        

Со имплементацијата на интегрираниот процес на  наплата на придонесите и персоналниот данок на доход кој од 1 јануари 2009 година  e во рамките на Управата за јавни приходи, Фондот во почетокот даде особен придонес како во техничка помош така и со ангажирање на човечки ресурси што придонесе за нејзина успешна имплементација.


2. Остварување на права од пензиско и инвалидско

Согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, правата од пензиското и инвалидското осигурување се стекнуваат и остваруваат во зависност од начинот, должината и обемот на вложување на средства за пензиско и инвалидско осигурување.Во услови на постоење на повеќеслоен пензиски систем, правото на пензија, зависи од обемот и времето  на вложување во пензиското и инвалидското осигурување, односно плаќањето на придонес на остварената плата.Согласно Законот за матична евиденција, податоците за стажот на осигурување, платите, надоместоците односно основиците на осигуруавње кои се основа на утврдување за правото на пензија ги утврдува Фондот, во согласност со прописите за пензиско и инвалидско осигурување.
       

Пензискиот стаж и платата како и другите факти што се од влијание врз стекнувањето и утврдувањето на правата, се земаат предвид врз основа на податоците утврдени во матичната евиденција за осигурениците и корисниците на права од ова осигурување која евиденција се води во Фондот.Податоците внесени во матичната евиденција дополнително можат да се менуваат во постапка утврдена со овој закон.Со овие прописи целосно е уреден начинот на воспоставување и водењето на матичната евиденција, начинот на утврдување и внесување на податоците преку соодветни пријави во  матична евиденција,  обемот на податоците, обврските на сите субјекти кои учествуваат во постапката за обезбедување на податоците, заштита на правата на осигуреникот во поглед на утврдувањето на потребните податоци, врз основа на кои се одредуваат правата од пензиското и инвалидското осигурување. 
       

Согласно овие прописи, Фондот е овластен да ја проверува точноста и потполноста на податоците кои се внесуваат  во матичната евиденција врз основа на доказите, документацијата и евиденцијата од областа на трудот.За извршување на надлежноста на Фондот, во постапката на утврдување на податоците во матичната евиденција, покрај редовните процедури на контрола,  воспоставени се и дополнителни контролни механизми заради отстранување на евентуални пропусти во работењето на Стручната служба на Фондот.
       

Со воспоставувањето на новите деловни процеси од работодавачот по електронски пат се обезбедуваат месечни податоци за плата и остварен стаж на осигурување за секој осигуреник поодделно .Согласно утврдените законски процедури, се обезбедува правата од  пензиското и инвалидското осигурување да  се  остваруваат врз основа на потполни, точни и интегрирани податоци во матичната евиденција  на Фондот (банка на податоци).Заради подобра комуникација со граѓаните, во Фондот работи Инфо Центар, на бесплатна телефонска линија 02 - 15215, која е отворена секој работен ден и се даваат одговори на  поставени прашања од страна на сите физички и правни лица.

 

                                             ФОНД НА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО
                                              ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

 

  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст
ПОВЕЌЕ ОД: Активности
Previous
image
СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ МЛАДИ ЛИЦА ДО 29 ГОДИНИ - НОВА МЕРКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНОСТА
На прес-конференцијата, одржана на 23 февруари во Владата на Република Македонија, премиерот Никола Груевски, објави дека работодавачите од приватниот сектор кои ќе вработат млади лица до 29 години, евидентирани како невработени во Агенцијата за вработување, ќе бидат ослободени од плаќање социјални придонеси во текот на првата година. ...
image
МЕЃУНАРОДНА РАБОТНА СРЕДБА ВО ФОНДОТ НА ПИОМ
На 12 февруари 2014 година во Фондот на ПИОМ се одржа првиот дел од дводневната работна средба меѓу преставниците од Фондот на ПИОМ, Институтот за социјлано осигурување на Албанија и Департментот за пензиска админстрација на Косово. ...
image
ПРИМАЊАТА НА ПЕНЗОНЕРИТЕ ЌЕ СЕ ПОКАЧАТ
Министрите за финансии Зоран Ставрески и труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на Фондот на ПИОМ Беким Нeзири на 11.02.2014 година одржаа заедничка средба со претставници од Сојузот на здруженија на пензионери на која беше договорена и соопштена најновата владина мерка за покачување на пензиите за 600,00 денари....
image
ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОТПИС НА КАМАТА ГИ ДАДЕ ОЧЕКУВАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ
На 5 декември годинава, во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, се одржа прес-конференција, на која директорот на Фондот, Беким Незири, зборуваше за резултатите од имплементацијата на Законот за отпишување на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување до 31. декември 2008 год. ...
image
ПОТВРДА ЗА ЖИВОТ
Се известуваат корисниците на македонска пензија кои живеат надвор од Република Македонија дека Потврдата за живот можат да ја најдат-преземат од Веб страницата на Фондот на ПИОМ, во линкот Информации-Обрасци...
image
ОДРЖАНИ РАЗГОВОРИ МЕЃУ ХРВАТСКИОТ И МАКЕДОНСКИОТ ОРГАН ЗА ПИО
На 19 и 20 ноември 2013 година, во Скопје, се одржаа разговори меѓу Македонскиот и Хрватскиот орган за врска од областа на пензиското и инвалидското осигурување за примена на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Хрватска за социјално осигурување....
image
ОПРЕДЕЛЕНИ ЛИЦАТА ОД ФОНДОТ НА ПИОМ ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО ГРАЃАНИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Врз основа на член 161 точка 9 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, а согласно Заклучокот на Владата на Република Македонија од 12 ноември 2013 година, директорот на Фондот на ПИОМ, Беким Незири, ги назначи следните лица за комуникација со контакт податоци, заради укажување помош на граѓани кои имаат одреден вид на попреченост: ...
image
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ПЕНЗИЈА КОИ ПЕНЗИЈАТА ЈА ПРИМААТ ОД РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА, А ЖИВЕАТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Во Република Хрватска од 14 септември 2013 година во сила е Регулатива за дополнување на Законот за пензиско осигурување, според која, на корисникот на пензијата ...
image
ОДРЖАНИ ДВА МЕЃУНАРОДНИ СОВЕТОДАВНИ ДЕНОВИ ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР
Во рамките на активностите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, се одржаа два меѓународни советодавни денови меѓу претставниците на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Германскиот носител на социјално осигурување, и тоа, на 8 октомври во Филијалата во Тетово и на 9 октомври 2013 година во Филијалата во Гостивар....
image
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА ФОНДОТ НА ПИОМ
Трите средби со странски претставници придонесоа да се разјаснат и остварат значајни прашања од соработката...
image
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОБВРЗНИЦИТЕ
Фондот на пензиското и инвалидско осигурување на Македонија ги информира сите правни субјекти и договорни осигуреници (индивидуални земјоделци, свештени лица,таксисти, адвокати и др.) кои немаат платено придонес за ПИО, дека стапи на сила Законот за отпишување на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување. Законот дава можност на фирмите да им се отпишат каматите по основ на неплатени придонеси за ПИО кои настанале заклучно со 31 декември 2008 година. ...
image
ЗАКОНОТ ЗА ОТПИС НА КАМАТИ-ИСТОРИСКА ШАНСА ЗА ОБВРЗНИЦИТЕ
Во Фондот на ПИОМ, на 8 и 10 мај годинава, уште еднаш, во врска со примената и поволностите од Законот за отпишување на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување, се сретнаа претставниците на менаџерскиот тим на Фондот и на сметководствените бироа од Скопје. ...
image
ПОТЕГ ШТО ЗАСЛУЖУВА ПОФАЛБА
На 18 април, во Фондот на ПИОМ, се одржа средба меѓу претставници на Менаџерскиот тим на Фондот и претставници од Стопанската комора на Република Македонија, Сојузот на стопански комори, Нотарската, Занаетчиската и Комората на стечајни управници, како и консалтинг и други фирми. ...
Next
image

УСВОЕНИ ТРИ ИНФОРМАЦИИ

На 19 јули годинава, под претседателство на Ацо Стојанов, се одржа 139-та седница на УО. ...
Повеќе